Родина Македонија
Описание: РОДИНА е народна партија издигнатa врз културните и традиционални вредности на македонскиот народ, водена од природните принципи и праведни закони, каде сите сме еднакви и сите сме дел од една целина, дел од нашиот РОД и како такви сите треба да му служиме заедно, а најдобрите да бидат први на тој ред. Тоа е должност и обврска на секој Македонец.
Милениумски слоеви од култура, традиција и цивилизација преточени се во нас Македонците како дел од нашето битие, знаење и начин на живот. Тоа е мудроста, разумот и силата кои ни овозможиле да опстоиме низ илјадалетијата како еден од ретките народи. Тие вредности ја прават и денес Република Македонија место каде сите имаат право на достоинствен живот и сопствен развој. Тоа е основа за праведна, стабилна и просперитетна Македонија.